„Да бидеме јасни, Украина нема апсолутно никаква врска со овие настани“, најави Подољак.
„Во врска со настаните во Крокус Сити во руското предградие, каде што денес се случија одредени настани, пукања, терористички акции од неидентификувани лица, да бидеме јасни, Украина апсолутно нема никаква врска со овие настани“, рече тој.
„Нема ни најмало сомневање дека настаните во московското предградие ќе придонесат за ненадејно зголемување на воената пропаганда, забрзана милитаризација, проширена мобилизација и, на крај, на обемот на војната. Тоа ќе послужи и како оправдување за очигледните геноцидни напади врз цивилното население на Украина“, рече Подољак.