сабота, 19 октомври 2024

Украина не сака да трампа територија за членство во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Стиан Јенсен, шеф на кабинетот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече на еден настан во Норвешка во вторникот дека штом која било мировна спогодба би морала да биде прифатлива за Украина, членките на Алијансата разговараат за тоа како би можело да се оконча 18-месечната војна.

„Мислам дека решение за Украина би можело да биде да се откаже од територија и во замена да добие членство во НАТО“, кажа Јенсен во обраќањето до публиката и додаде дека расправите за повоениот статус на Украина продолжуваат во дипломатските кругови, пренесе Гардијан.

Меѓутоа, Украина постојано повикува на повторно воспоставување на меѓународно признаените граници пред 2014 година и спроведува контраофанзива во обид да поврати големи делови од својата територија кои ги освои Русија.

„Тоа значи намерно да се избере пораз на демократијата, охрабрување на глобалниот криминалец, зачувување на рускиот режим, уништување на меѓународното право и пренесување на војната на другите генерации“, рече Подољак.

Јенсен беше претпазлив и нагласи дека само изнесува идеја и дека „Украина мора да одлучи за тоа кога и под кои услови сака да преговара“, повторувајќи го ставот на НАТО дека за какво било мировно решение за Украина не би требало да се договара без неа.

Меѓутоа, киевските власти му замерија на Јенсен што воопшто јавно расправа за овој предлог.

Украина смета дека договорот територија–за-НАТО би бил награда за руската агресија. Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече: „Да трампаме територија за заштита на НАТО. Тоа е смешно.“

Подољак рече дека доколку Русија не претрпи тешка загуба во војната, таа и понатаму ќе претставува долгорочен проблем за Западот. „Ако Путин не доживее катастрофален пораз, ако политичкиот режим во Русија не се смени и воените злосторници не се казнат, желбата на Русија за војна дефинитивно ќе се зголеми“.

Украина е под притисок поради бавниот напредок на нејзината контраофанзива која почна во јуни. Иако Киев доби западни тенкови и ракети со долг досег и артилерија, нејзините сили досега остварија само ограничен успех. Нивниот продор го отежнуваат големите руски утврдувања и минските полиња по должината на линијата на фронтот.

НАТО во вторникот веќе објави појаснување со цел да ги смири тензиите. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина колку и да биде потребно и посветени сме за постигнување на праведен и траен мир. Ставот на Алијансата е јасен и не се промени“, изјави портпаролот.

Меѓутоа, се очекува продолжување на расправите за тоа како би можело да се постигне мир.

„Не велам дека мора така да биде. Но тоа би можело да биде едно од решенијата“, рече Јенсен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ