сабота, 19 октомври 2024

Украина не очекува да ги добие американските Ф-16 оваа година

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека нема да можеме да ја браниме Украина оваа есен и зимата со авиони Ф-16“, кажа портпаролот на воздухопловните сили Јириј Игнат за украинската телевизија.

„Постоеше голема надеж дека овој авион ќе стане дел од нашата противвоздушна одбрана и ќе не заштити од ракетите и теророт на беспилотните летала од Русија“, додаде тој.

Игнат истакна дека барем е постигнат одреден напредок бидејќи украинските пилоти и техничари ќе можат да почнат обука на борбени авиони во блиска иднина.

Членките на НАТО Холандија и Данска ја предводат коалицијата од 11 земји за обука на украинските пилоти на западни борбени авиони, но обуката не значи дека Ф-16 навистина ќе бидат испорачани.

Ниту една држава досега не се обврза да му ги испрати на Киев.

Меѓутоа, ни ветената обука сè уште не е организирана. Воздушната поддршка особено им недостига на украинските сили во текот на бавната противофанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ