Тоа беше импресивен технолошки подвиг, но и загрижувачки знак на слабост за умореноста на украинските сили. Копнените возила без екипаж се екстремно ограничени и не можат целосно да ги заменат човечките пешадијци, пишува Форбс.
Бригадата брани област од осум километри на фронтот околу градот Хлибока, веднаш јужно од руско-украинската граница. Од другата страна е сила од четири руски полка.
The Ministry of Defense has codified and approved for operation the Ukrainian robotic combat complex on a tracked platform equipped with a Browning 12.7 mm machine gun – the Droid TW 12.7.https://t.co/hakMtfwd65 pic.twitter.com/bOBKVP9SI7
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) December 9, 2024
Тоа се околу 2.000 Украинци наспроти 6.000 Руси. Ваквиот однос на силите е сличен по целиот фронт долг 1.300 километри. Руските трупи се значително супериорни по бројност во однос на украинските.
Украинската операција вклучувала извидувачки беспилотни летала и копнени дронови за поставување мини, еднонасочни експлозивни копнени и летачки дронови, како и вооружени копнени беспилотни летала.