среда, 23 октомври 2024

Украина напредува во Курск, Путин го обвини Западот за вмешаност во нападот

Украина денес соопшти дека нејзините сили напредувале понатаму во руската област Курск во најголемиот странски упад во Русија од Втората светска војна, што претставува „дилема“ за претседателот на таа земја Владимир Путин, според американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе илјади украински војници ја пробија руската граница во раните утрински часови на 6 август во западниот дел на регионот Курск, што Путин го нарече голема провокација чија цел е Украина да има подобра позиција во можните идни преговори за прекин на огнот.

Украинските сили „отсекле“ дел од рускиот пограничен регион Курск, а иако Путин кажа дека руската војска ќе ги истисне украинските трупи, за повеќе од една недела интензивни  борби тоа досега не им успева.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека силите на Киев продолжуваат да освојуваат територија во областа Курск и дека денес поминале уште еден до два километри.

„Продолжуваме со напредувањето во регионот Курск“, порача Зеленски на Телеграм, „од еден до два километри во различни области од почетокот на денот. И повеќе од 100 руски воени заробеници во истиот период“, кажа тој.

Украинскиот напад на руската територија драматично го смени наративот по две и пол години конфликт. Русија напредува во источна Украина од неуспешната контраофанзива на Киев во 2023 година.

Упадот на Киев носи големи ризици и за Русија, и за Украина и за Западот, кој тврди дека сака да избегне директна конфронтација меѓу Русија и НАТО пактот, предводен од САД, кој го вооружува Киев против Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека американските власти се во постојан контакт со Киев во врска со упадот, за кој оцени дека „создал вистинска дилема“ за Путин.

Белата куќа тврди дека Украина не ги информирала однапред за својот упад и дека САД не се вмешани. Руски функционери сугерираат дека западните спонзори на Украина морале да знаат за нападот.

„Нормално дека се вмешани“, кажа руската пратеничка Марија Бутина за Ројтерс. „Уште полошо е кога велат дека ништо не знаат и сета одговорност ја префрлаат на Киев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ