„Руските напади врз Херсон продолжуваат“, додаде тој.
Претходно, украинските власти објавија дека најмалку 16 цивили биле убиени во средата во жестоко руско гранатирање на регионот Херсон, каде што биле погодени хипермаркет, железничка станица и станбени згради.
Русија не ги коментираше нападите врз Херсон, еден од четирите региони што ги анектираше во септември. Во последните денови Русија ги засили своите воздушни напади против Украина во очекување на украинска контраофанзива.
Украинските сили го ослободија градот Херсон во ноември по речиси осум месеци окупација, но руските сили се повлекоа само на спротивната страна на реката Днепар, од каде што сега го гранатираат градот.