сабота, 27 јули 2024

Украина: Користењето оружје од Западот за напад на Русија значително ќе ја ослабне Москва

Началникот на ГШ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека користењето на оружје од Западот за напади во Русија е клучна одлука што ќе влијае на руските воздухопловни сили и нивната способност да оперираат во пограничните области.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, САД минатата недела се согласија да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Киев рече дека одлуката ќе помогне да се одбијат руските напади и подобро да се одбрани територијата во североисточниот Харковски регион.

„Дозволата за употреба на оружје од Западот на територија на Руската Федерација е клучна одлука. Тоа ќе влијае на водењето на војната, планирањето на контраофанзивни дејствија и ќе ја ослабне способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области“, рече Андриј Јермак на комуникациската платформа Телеграм.

Одлуката ќе помогне и во одбраната од руските воздушни напади, додаде Јермак. Украина често го гаѓа окупираниот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, со оружје од Западот.

Сепак, со помалку човечка сила и оружје од Москва, Киев побара од Вашингтон дозвола да нападне цели на руска територија со оружје произведено од САД, додека Русија отвори ново бојно поле во североисточниот Харковски регион.

Харков, вториот по големина град во земјата со околу 1,3 милиони жители, е оддалечен само околу 30 километри од границата со Русија. Официјални лица на американската администрација тврдат дека последната одлука е специјално наменета за борбите во регионот Харков. Тие велат дека одлуката ѝ дозволува на Украина да користи американско оружје против руските сили кои „ја напаѓаат или подготвуваат да ја нападнат“ преку граница.

Украина, исто така, се обидува да развие сопствено оружје, фокусирајќи се на беспилотни летала, за да гаѓа цели во Русија. Некои украински беспилотни летала нападнаа руски нафтени постројки и воени цели стотици километри оддалечени од границата. Еден од најдалекусежните обиди беше нападот на радарската станица во градот Орск, на 1.800 километри од границата со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ