понеделник, 20 мај 2024

Украина ќе може во војска да регрутира и затвореници

Украинскиот парламент изгласа мерка која овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно пуштање на слобода.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 26 месеци од почетокот на конфликтот Украина се обидува да го надомести недостигот од војници за кој аналитичарите сметаат дека е најголемиот предизвик на Киев во борбата против руските сили.

Се очекува новата мерка да ги засили оружените сили на Украина за дел од вкупно 20 илјади затвореници, кажа пратеникот Давид Аракамија.

Таа не се однесува на оние кои извршиле најтешки злосторства – осудените за убиство со предумисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, злосторства против националната безбедност и корупциски злосторства.

„Не е тајна дека потенцијалите за мобилизација на нашиот непријател се големи, па затоа мораме да ги користиме сите достапни решенија за да се бориме против оружената агресија“, се наведува во белешката за усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани спремни на бојното поле да се искупат пред општеството“.

Украина минатиот месец ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги смени правилата за регрутирање на цивили во војска за да ја засили и да ги ротира војниците.

Владата покрај тоа привремено ги прекина конзуларните услуги за воено способните мажи кои престојуваат во странство, жалејќи се дека не ѝ помагаат на својата земја која е во воен конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ