Црквата, која тврди дека веќе не е поврзана со Руската православна црква, ги отфрла обвинувањата на Киев и смета дека забраната е неуставна.
Пратеникот Јарослав Жележњак напиша на Телеграм дека „пратениците го поддржале законот во првото читање. На законот му треба уште второ читање и мора да биде потпишан од претседателот“.
Законот ќе ги забрани активностите на верските организации поврзани со центрите на моќ во државата која врши вооружена агресија против Украина.
Пратеничката Ирина Херашченко, го оцени гласањето како историско и како прв чекор во отстранувањето на „московските свештеници од украинската земја“.
Украинските власти и голем број граѓани со години веруваат дека Украинската православна црква е лојална на Москва. Од руската агресија во февруари 2022 година, покренати се 68 обвиненија против нејзините свештеници, вклучително и за велепредавство.