вторник, 22 октомври 2024

Украина ја повика Белорусија да ја повлече војската од границата

Украина денес ја повика Белорусија да повлече значителен дел од своите воени сили и опремата кои ги распореди долж заедничката граница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинското министерство за надворешни работи ја предупреди Белорусија дека „прави трагична грешка под притисок на Москва“.

Украинското министерство со соопштение ги повика белоруските оружени сили „да престанат со непријателското дејствување“ и да ја повлечат војската од границата.

Тенкови, топови и системи за противвоздушна одбрана, како и друга инженериска опрема се распоредени во регионот Гомел во близина на северната украинска граница. „Украина никогаш не презела ниту ќе преземе какви било непријателски дејства против белорускиот народ“ се наведува во соопштението.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на 18 август кажа дека Украина распоредила повеќе од 120 илјади свои војници на границата со Белорусија и дека распоредила речиси третина од своите оружени сили долж целата граница.

Белорусија минатата недела соопшти дека испратила авиони, системи за противвоздушна одбрана и оклопни возила на границата со Украина

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ