сабота, 19 октомври 2024

Украина им порача на ЕУ и Полска: Ограничувањата на нашите житарки се неприфатливи

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата вчера објави дека постигнала начелен договор за да се овозможи продолжување на транзитот на украинското жито низ петте земји од Европската унија кои воведоа рестрикции. Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка ги наметнаа мерките поради загриженоста дека житото од Украина наменето за извоз во други земји завршило на нивните локални пазари, намалувајќи ги цените на локалните фармери.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило писмо до полската амбасада и канцеларијата на ЕУ во Киев во кое го изразува своето разочарување од ситуацијата, со оценка дека ограничувањата за извозот на жито се „категорично неприфатливи“. Портпаролот на министерството Олег Николенко денеска потврди дека дописот е испратен пред Комисијата да го објави постигнатиот договор.

На прашањето дали соопштението на Комисијата менува нешто во ставот на министерството, тој рече дека „извозот на сите украински производи мора да се одвива непречено“. „Постојат целосни правни основи веднаш да продолжи извозот на украинските земјоделски производи во Полска, Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија, како и да продолжи непречен извоз во другите членки на ЕУ“, се вели во соопштението на министерството.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис вчера на Твитер објави дека договорот со ЕК вклучува „заштитни мерки“ за четири производи – пченица, пченка, семе од репка и сончоглед.

Договорот вклучува и пакет за поддршка во вредност од 100 милиони евра за локалните земјоделци, рече Домбровскис. Пет земји-членки на ЕУ станаа транзитни рути за украинското жито што не можеше да се извезе преку црноморските пристаништа поради руската инвазија на Украина која започна во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ