петок, 28 февруари 2025

Украина: Идните западни мировни сили би можеле да патролираат по воздушен и морски пат

Украина е во преговори со западните сојузници за да се осигура дека секој иден воен контингент кој ќе го надгледува потенцијалниот прекин на огнот, исто така, ќе има улога во патролирањето на воздушниот и поморскиот простор, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георги Тихи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако нашите партнери и сојузници се подготвени да разговараат за можното распоредување на овие контингенти за да се осигури мир и безбедност во Украина…, тогаш сметаме дека е сосема можно да се разговара за безбедноста на небото“, рече Тихи.

Дискусијата доаѓа во време кога се споменува концептот на мултинационални мировни сили како потенцијална безбедносна гаранција за Украина во случај на прекин на огнот.

Според Киев Индипендент, Тихи ја истакна важноста од зајакнување на безбедноста во Црното Море со оглед на континуираните руски закани за слободата на пловидбата.

„Веќе разговараме за ова во преговорите со нив (западните партнери) и веруваме дека ова е сериозна тема за која треба да се разговара“, рече тој, додавајќи дека за ова прашање може дополнително да се разговара на самитот на ЕУ на 6 март.

Вашингтон ја поддржа идејата за европски мировни сили, а американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на 12 февруари рече дека таквата мисија нема да вклучува американски војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 февруари повтори дека Европа треба да преземе примарна одговорност за регионалната безбедност. Франција, Обединетото Кралство и неколку други земји сигнализираа дека ќе го поддржат распоредувањето на мировните сили, иако европските нации сè уште не постигнале консензус.

Вашингтон пост на 17 февруари објави дека до 30.000 европски војници може да бидат испратени во Украина како дел од мисијата за следење на прекинот на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ