сабота, 19 октомври 2024
Квалификации за ЕП 2024

Украина го згасна македонскиот сон за Европско првенство (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација доживеа и втор пораз од Украина во овие квалификации, загубивме со 2-0 и исчезнаа шансите за пласман на Европското првенство, можеме да жалиме затоа што пропуштивме неколку убави шанси за гол.
 

Објавено на

часот

Сподели

Украина поофанзивно тргна во мечот, првата шанса ја имаа преку Довбик, но Димитриевски одлично интервенираше. Некоја минута подоцна македонскиот голман имаше уште една одлична интервенција, овојпат по шут од Мудрик.

Македонија се обидуваше преку контри да го загрози голот на Украина. Првпат поконкретно се заканивме преку Миовски во 22. минута, нашиот напаѓач биеше од тешка позиција, голманот Трубин немаше проблеми.

Течеше 30. минута кога направивме грешка во одбраната, топката дојде до Судаков кој биеше од далечина, таа го погоди Серафимов, го смени правецот и заврши зад грбот на Димитриевски. Украина поведе со 1-0.

Примениот гол ја разбуди Македонија, следуваа серија шанси на нашите фудбалери. Ашковски и Миовски се обидоа од идеални позиции, но Трубин беше фантастичен на голот на Уркаинците. Во таа канонада на македонските репрезентативци, Барди имаше имаше два обиди кои беа блокирани. Шанса имаше и Елмас, неговиот удар заврши крај голот.

На почетокот од второто полувреме, селекторот Милевски додаде на офанзива. Ги извади Ашковски и Манев, на нивно место ги внесе Димоски и Чурлинов. Македонија тргна да го изедначи резултатот.

По седум минути игра во вториот дел Чурлинов влезе во одлична шанса, се избори за убава позиција, биеше, но Трубин одбрани уште еднаш. Следен се обиде Муслиу со ножички, неговиот удар заврши над голот.

s

Казната за пропуштените шанси можеше да стигне од Мудрик, беше сам пред Столе Димитриевски, но македонскиот голман ја доби оваа битка и запиша уште една одбрана. По изведениот корнер, Украинците ја погодија пречката преку Матиенко.

По оваа прилика на Украинците, Македонија продолжи да напаѓа, Украина се бранеше со сите фудбалери. Тешко ја пробивавме нивната одбрана, па се обидувавме со шутеви од далечина. Барди и Адеми имаа обиди кои завршија неуспешно.

На десет минути пред крајот Судаков можеше да постигна уште еден гол, биеше силно од далеку, Димитриевски со фантастична интервенција спречи гол за Украинците, топката потоа ја погоди пречката.

с

Се обидувавме до последен момент да избегнеме барем пораз, но не успеавме, Украина во последните моменти даде уште еден гол, Карабев го изненади истрчаниот Димитриевски и погоди за победа од 2-0. Со овој пораз Македонија ги губи шансите за пласман на Европското првенство.

За Македонија следува пријателскиот меч против Ерменија на 17. октомври, а во ноември ги завршуваме квалификациите со натпревари против Италија и Англија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ