вторник, 22 октомври 2024

Украина го загуби најдобриот пилот и авион Ф-16

Најдобриот украински пилот загинал кога борбен авион Ф-16 од американско производство се урна во понеделникот, само неколку недели откако долгонајавуваните борбени авиони пристигнаа во земјата, потврди украинската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинската војска соопшти дека изгубила врска со авионот додека бил во мисија на одбивање на руски напад, а извор за Си-ен-ен кажал дека сметаат дека причина за падот на ловецот не е грешка на пилотот.

Пилотот Олексиј Мес, познат како Мунфиш, настрадал во инцидент додека го „одбивал најголемиот воздушен напад на Русија на Украина“, кажал изворот, додавајќи дека пилотот бил погребан вчера.

Истрагата за падот на авионот е во тек, а меѓународни експерти ќе бидат повикани да учествуваат, додал изворот. Претседателот на Украина Володимир Зеленски долго бараше авиони Ф-16, пумпајќи го нивното значење во борбата против Русија.

Смртта на пилотот претставува голем удар за Украина. првите авиони Ф-16 стигнаа во таа земја дури на почетокот на овој месец, а Мес беше еден од ретките обучени да управуваат со застарените американски ловци.

Зеленски вчера кажа дека украинските воздухопловни сили ги користеле авионите Ф-16 за да ги уништат ракетите и дроновите кои Русија ги лансирала во понеделникот, што е првпат некој украински функционер да потврди дека авионите се користат во борба.

Киев се надева дека авиони Ф-16 ќе донесат поттик во конфликтот. Овие авиони се повеќенаменски и можат да пружаат воздушна заштита на копнените трупи, да напаѓаат цели на земја и да се спротивставуваат на непријателски авиони и да пресретнуваат ракети.

Си-ен-ен истакнува дека овие авиони не се волшебното решение. Иако Киев може да ги користи авионите Ф-16 за да се обиде да ѝ се спротивстави на Русија на небото, експертите велат дека нивните капацитети се инфериорни во однос на модерните руски борбени авиони, кои се надмоќни во воздушна борба со застарените Ф-16.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ