сабота, 27 јули 2024

Украина ги повика сојузниците да не го признаваат Путин како легитимен претседател

Министерството за надворешни работи на Украина денеска ја повика меѓународната заедница да и се придружи на Украина во непризнавањето на резултатите од претседателските избори во Русија и Владимир Путин како легитимен претседател на Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ги повикуваме странските земји, меѓународните организации и јавноста да го следат примерот и да не ги признаваат резултатите од нелегитимните избори или рускиот диктатор Владимир Путин како легитимен претседател, да се спротивстават на уништувањето на системот на владеење на правото и универзално признатите демократски вредности и да продолжат со поддршката на Украина во нејзината борба против руската агресија, која претставува закана за европската и светската безбедност, мирот и стабилноста“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека, врз основа на сегашната наредба на Меѓународниот суд на правдата за апсењето на Путин, не постои правна основа за негово признавање како демократски избран и легитимен претседател.

„Кремљ преку пропаганда и манипулација го користи учеството на гласачите и резултатите од изборите за да ја оправда својата воена инвазија на Украина и нејзината агресивна политика кон другите земји“, се вели во соопштението.

Министерството предупредува дека „таканаречените избори“ биле придружени со закани, уцени и принуда на милиони украински граѓани на „суверените територии окупирани од Руската Федерација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ