Во редок коментар за нападите на руско тло, украинското Министерство за енергетика соопшти дека две рафинерии за нафта во регионот Краснодар биле погодени со беспилотни летала, додека разузнавачки извор изјавил за Ројтерс дека мета бил и воениот аеродром Кушовск, лоциран во истиот регион.
💥 Russia: Ukrainian drones attacked the Kushchyovskaya military airfield in Krasnodar Krai. Reports of damaged planes. pic.twitter.com/gOcJbA3MN4
— Igor Sushko (@igorsushko) April 27, 2024
Украина нападна нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодар, запалувајќи ги објектите, изјави за Ројтерс извор од украинската разузнавачка служба, повторувајќи ги претходните тврдења на официјални лица.
„Нападот врз јужниот регион на Русија, кој се граничи со соседниот Крим, го извршила украинската безбедносна служба СБУ“, тврди изворот.
„СБУ продолжува ефективно да гаѓа воени и инфраструктурни објекти зад непријателските линии“, рече изворот, пренесе Индипендент.
Како што руската инвазија влезе во својата трета година, Украина ги засили нападите врз руските нафтени и енергетски постројки користејќи беспилотни летала со долг дострел.
Локалните власти во Русија соопштија дека рафинеријата за нафта во Краснодарскиот регион ја прекинала работата по напад со беспилотно летало. Роман Сињаговски, началникот на рускиот административен округ Славјанск, на Телеграм изјави дека имало девет напади на резервоар за складирање и дестилација, клучна опрема во процесот на рафинирање.