петок, 26 јули 2024

Украина е во дефанзива кај Купјанск. Позициите се менуваат постојано

Објавено на

часот

Сподели

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар напиша на Телеграм дека руските сили два дена по ред напаѓаат во правец на Купјанск во областа Харков. „Ние сме во дефанзива“, напиша Малиар, додавајќи дека се водат жестоки битки, а позициите на двете страни во конфликтот динамично се менуваат неколку пати на ден.

Заменик-министерката наведува дека двете војски жестоко се судриле околу уништениот Бахмут, но украинските сили „постепено напредуваат“. Таа напиша и дека украинските воени сили успешно ги одбиваат руските напади кај Авдијивка и Марјинка. Портпаролот на јужната воена команда денеска во посебно соопштение изјави дека украинските сили напреднале повеќе од еден километар на еден дел од јужниот фронт.

Откако Украинците ја започнаа својата долгоочекувана контраофанзива, Киев постигнува постепени придобивки во источните и јужните области. Истовремено, рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија изјави дека операцијата е „неуспешна“ и дека обидите да се пробие руската одбрана не успеале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ