Во соопштението на својот канал на Телеграм, Гетманцев додаде дека националниот долг на Украина во април се зголемил за 4,4 милијарди долари или 4,1 милијарди евра.
Тој прецизираше дека учеството на надворешниот долг во структурата на јавниот долг изнесува 66,9 отсто – пред почетокот на конфликтот со Русија бил 60,9 отсто, а учеството на внатрешниот долг е 33,1 отсто – пред конфликтот бил 39,1 отсто.
Учеството на јавниот долг во девизи е 69,8 отсто, додаде Гетманцев.