среда, 23 октомври 2024

Украина бара „праведен мир“ за да го прекине упадот во Русија (ВИДЕО)

Украина не е заинтересирана за заземање територии во Русија, соопшти украинското министерство за надворешни работи. Портпаролот на украинската дипломатија Георгиј Тихи го опиша украинскиот упад во рускиот регион Курск како „апсолутно легитимен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина не е заинтересирана за преземање територии на Курскиот регион. Нам не ни треба туѓа територија, за разлика од Русија“, додаде тој. Украинските сили го нападнаа рускиот регион во ненадејна офанзива минатата недела, прв копнен напад на Киев на руска територија од почетокот на конфликтот во 2022 година.

„Колку побрзо Русија се согласи на праведен мир… толку побрзо ќе престанат нападите на украинските одбранбени сили на Русија“, додаде портпаролот.

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михајло Подолјак претходно кажа, коментирајќи го упадот на украинските сили во Курск, дека Русија треба да сфати „кои се правилата на војувањето“.

„Ова е војна без правила на водење војна. Русија ја користи својата територија за распоредување артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи, мали воздухопловни бази, лансери за големи напади на друга земја“, кажа Подолјак.

Додаде дека руските власти се уверени дека нивната територија е неповредлива, но дека Киев со нападот на Курската област покажал дека тоа не е точно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ