вторник, 15 октомври 2024

Украина бара од Бразил да го уапси Путин ако дојде на самитот Г20

Главниот украински обвинител Андреј Костин изјави дека добил разузнавачки информации дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува  на самитот на групата Г20 во Бразил следниот месец, и побара од тамошните власти да издадат налог за негово апсење ако се појави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател во март 2023, една година по почетокот на конфликтот во Украина, обвинувајќи го за воено злосторство депортирање деца.

Кремљ го отфрли налогот на МКС како неважечки.

На прашањето дали е донесена одлука за тоа Путин да присуствува на самитот на Г20, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес на новинарите им одговори негативно.

„Кога ќе биде донесена одлуката, ќе ве информираме“, додаде песков.

Украинскиот обвинител Костин кажа дека е важно меѓународната заедница да биде обединета и да бара одговорност од Путин.

Тој додаде дека обврска на бразилските власти врз основа на Римскиот статут, со кој е формиран МКС, да го уапсат Путин ако се осмели да отиде на самитот.

Според него, со тоа Бразил би го докажал својот статус на демократска држава во која владеат законите, додека во спротивно тоа би бил преседан кој значи дека лидерите обвинети за злосторства можат неказнето да патуваат.

Бразил му испрати стандардна покана на Путин да учествува на самитот Г20 во Рио де Жанеиро на 18 и 19 ноември, но не добил потврда за доаѓање, кажале два извори од бразилската влада за Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ