сабота, 27 јули 2024

Украдена е бистата на Славко Јаневски од Алејата на поетите во Струга

Објавено на

часот

Сподели

 

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови“, објави институцијата Струшки вечери на поезијата.

славко

Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Бистата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.

„Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на Струшки вечери на поезијата, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата. Апелираме сите добронамерни граѓани и почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата“, се вели во информацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ