понеделник, 28 октомври 2024

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир

Центарот за управување со кризи соопшти дека од 14:30 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за управување со кризи соопшти дека од 14:30 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир откако вчера во 14 часот, Јавното претпријатие Македонија пат информираше дека стапи на сила забрана за тешки товарни возила на овој патен правец. 

Порадиобилни врнежи на снег и одрони на патиштата, забрана за движење денеска има на повеќе патни правци во земјава.

Забраната за движење на автомобили сѐ уште важи за патните правци Берово – Беровско Езеро,  Берово-Струмица, магистрален пат А3 Делчево – граничен премин Делчево, информираа претходно од Македонија пат. 

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови и Тетово – Попова Шапка и овде е задолжителна употребата на зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од ЈП Македонија пат информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ