понеделник, 13 јануари 2025

Укината забраната за камиони на Плетвар, нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.

Од 11:40 часот укината е забраната за движење тешки товарни возила i на патниот правец Делчево – ГП Делчево. Од 07:30 часот беше воведена забрана за сообраќај на овој патен правец од превентивни причини за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ