петок, 26 јули 2024

Укината забраната, Новак Ѓоковиќ оди на УС опен

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ сега ќе може да игра на годинешниов УС опен, откако Соединетите Држави потврдија дека меѓународните патници повеќе нема да мора да бидат вакцинирани против ковид-19.

Последната одлука на кабинетот Бајден-Харис е дека ќе се укине условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот при влез во Соединетите Американски Држави.

„Од јануари 2021 година, бројот на починати од коронавирусот е намален за 95 отсто, а бројот на хоспитализираните пациенти е намален за 91 отсто. На глобално ниво, бројот на смртните случаи од коронавирусот е најнизок од почетокот на пандемијата. Благодарение на напорите на целата влада, рекорден број од 270.000.000 Американци примиле најмалку една доза од вакцината против ковид. Денеска најавуваме дека на 11 мај нашата администрација ќе ги прекине сите барања поврзани со вакцината против ковид-19“, се вели во соопштението.

Новак Ѓоковиќсе враќа на УС опен по една година пауза.

35-годишната српска тениска ѕвезда беше принудена да го пропушти минатогодишниот турнир, како и други настани во САД, како Индијан Велс и Мајами, поради неговиот статус на (не)вакцинација. 22-кратниот грен слем шампион, исто така, го пропушти Австралија опен во 2022 година, откако беше депортиран од земјата, но успеа да се врати во јануари 2023 година и го освои настанот, победувајќи го Стефанос Циципас во директни сетови.

Ѓоковиќ е еден од најпознатите спортисти што се противеа на вакцината против ковид-19. Во април 2020 година, тој издаде соопштение во кое порача: „Лично, јас сум против вакцинацијата против ковид-19 за да можам да патувам. Но, ако стане задолжително, ќе треба да донесам одлука дали да го направам тоа или не“.

Три пати го освои УС опен – во 2011, 2015 и 2018 година, и играше уште шест финалиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ