вторник, 14 јануари 2025

УЈП во декември изрече 80 глоби за неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи соопшти дека во текот на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, спроведе контроли кај 696 објекти. Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности, а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се 80 глоби за сторен прекршок – неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, 29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати, осум глоби за прекршок за некористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, една глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга. Изречени се и две глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи, две глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка, и две затоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.

Кај 13 физички лица, пак, е констатирано вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите,  31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.

УЈП апелира до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат согласно законската регулатива.

„Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата“,, наведуваат од УЈП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ