сабота, 22 март 2025

УЈП со повик за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките

Со наближување на рокот за поднесување на МПИН пресметките, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за нивна обнова преку системот е-даночни услуги.

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе УЈП денеска во соопштение, за повеќе информации во врска со постапката на поднесување на барањата и превземање на кодовите треба да се преземе Корисничко упатство за поднесување на барање за издавање на клуч за спремање на плата, кое е објавено на веб страницата на Управата на линкот http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/440.

„Дополнително, напоменуваме дека обврзниците кои имаат помал број на вработени (до пет вработени), може МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ