УЈП информира дека по оваа основа 3.042 граѓани должат 52.997.721 денари.
Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле овие даночни обврзници за долгот и за начинот за уредно исполнување на обврската .
Врз основа на најчестите грешки што се прават при плаќање и пополнување на даночните пријави, УЈП на својата веб-страница објави упатство кое треба да им послужи на даночните обврзници кои добиле известување или опомена за неплатен долг, а кои сметаат дека ја исполниле обврската или не треба да имаат обврска за плаќање на данок. Во упатството се опфатени можните причини за неусогласеност и што треба да сторат во наведените случаи.
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да се следат упатствата за уредно плаќање на данокот и навремено да се плаќаат обврските за да не се соочат со дополнителни трошоци кои настануваат при наплата на долгот.