сабота, 27 јули 2024

УЈП: Не се вратени пари на фирмите Актико и Хантонос

Во реакцијата на Управата за јавни приходи се вели дека не вратиле 22 милиони евра, ниту воопшто некогаш е вратен поврат на ДДВ кон компании за кои денеска обвинија ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Посочените даночни обврзници се основани во 2022 година, кои кон крајот на 2022 година извршиле промена на седиштето и на управувачката и сопственичката структура со тоа што како нови основачи/сопственици и управители се јавуваат странски државјани – од Р.Косово

Управата за јавни приходи по службена должност согласно анализа на даночните пријави за ДДВ, насочи контроли по основ на ДДВ за период од 2022 и дел од 2023 година и истите се спроведени согласно расположливите податоци од евиденцијата на Управа за јавни приходи и од доставените ДДВ-Пријави од страна на даночните обврзници.

Во текот на контролите, од МВР побарани се податоци за влез/излез и престојувалиште на управителите со број на патни исправи наведени во историјатот на промени во ЦР на РСМ. Од страна на МВР добиени се податоци дека и во двата случаи, како носители на патните исправи се јавуваат сосема други физички лици (исто така државјани на Р.Косово), а не лицата чиј број на патна исправа е заведен во ЦР на РСМ при извршената промена односно нивното поставување за основачи/управители на правните лица.

Даночните обврзници поднеле  даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста)   и Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат  ниту пребивање со други даночни долгови од основањето на посочените компании.

Повторуваме: Не станува збор за барање за поврат, туку за поднесени даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди каде во текот на контролата поради несоработка од страна на даночните обврзници и недоставена документација за увид во веродостојноста на евидентираниот  влезен данок со право на одбивка искажан во ДДВ пријавите, со контролите истите не се признаени и обврзниците се задолжени со износ на ДДВ кој треба да го платат.

Актико/Окитна од Струмица и Хантонос/Хант осој од Босилово се на листата на должници на УЈП врз основа на извршена надворешна контрола и утврден наод по основ на ДДВ.

Како што и претходно известивме, за констатациите утврдени со контролата (сомнение за даночно казниво работење) известена е Управата за финансиска полиција, за преземање на натамошни дејствија согласно нивната законска надлежност.

Согласно Законот за даночна постапка имајќи го предвид начелото за даночна тајна а со оглед на сензитивните податоци до кои доаѓа при вршење на контроли во одредени моменти на постапката Управата за јавни приходи не е во можност истите да ги споделува со јавноста, но е во постојана соработка и координација со останатите надлежни институции и истражни органи.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на изнесените  изјави, и да ги следат само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните релевантни институции“, се вели во реакцијата на Управата за јавни приходи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ