сабота, 27 јули 2024

УЈП ја објави листата на должници

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.03/2024 на Управата за јавни приходи изнесува 9.829.008.706 денари (за 516.849.267 денари помалку од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566 денари (помалку за 513.855.269 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 201.689.140 денари (помалку за 2.993.998 денари од претходната листа).

Објавено на

часот

Сподели

Управата за јавни приходи објавува листа на должници за доспеани долгови до  30 ноември 2023 и неплатени до 29 февруари  годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1.801 правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3.606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ