понеделник, 15 април 2024

УХМР за утре најавува невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и град

Објавено на

часот

Сподели

И во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР, препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ