среда, 30 октомври 2024

УХМР: Во 14 часот најтопло е во скопски Петровец со измерени 40 степени

УХМР информира дека во 14 часот најтопло е во скопски Петровец со измерени 40° Целзиусови. На Зајчев Рид во Скопје се измерени 38 степени.
Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

По Петровец, најтопло е во Демир Капија и во Куманово со измерени 39 степени.
Од УХМР велат дека станува збор за температури каде се поставени мерни места, што не значи дека нема места со повисока температура.
Според прогнозата на УХМР, од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ