сабота, 26 октомври 2024

УХМР: Вечерва од запад влегува дождлива маса, во текот на ноќта ќе врне во цела држава

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), грмежи и засилен ветер.

„Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 л/м2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 км/ч) и услови за појава на град.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ