сабота, 27 јули 2024

УХМР прогнозира сончев пролетен викенд, од понеделник дожд и пониски температури

УХМР за денеска прогнозира сончево време со мала доумерена облачност. Ќе дува ветер од јужен правец. Температурите вдолж Повардарието и на југоистокот од земјава ќе се искачат до максимални 20 степени. Утрото е студено.

Фото:МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Минималните температури утрово околу 6 часот се движат од -3 во беровскиот крај, -2 во повисоките места од западниот дел на Македонија, до 5 степени во гевгелиско-дојранскиот регион.

Во текот на денот во целата земја се очекува топол пролетен ден, а температурите ќе се движат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, максималната температура во скопската котлина, според прогнозата, ќе се искачи до 20-от степен.

Слично време се очекува и во текот на утрешниот ден, сончево со умерен јужен ветер, а температурите ќе се искачат до 21 степен. Но кон крајот на денот се очекува ветер, наместа со брзина до 70км/ч и дожд, локално со грмежи.

Во понеделник се очекува врнежливо време, а температурите ќе се движат од 8 до 15 степени, додека во вторник на повисоките места е можен снег во утринските часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ