УХМР информира дека сѐ уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, а очекувано зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија. Во Скопје пикот на реката е забележан во 1 час по полноќ и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 сантиметри.
До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на Вардар во горниот дел од нејзиното течение, додека во средниот и долниот дел од течението ќе има зголемување на водостојот. Утринава е регистриран минимален зголемен водостој на реката Лепенец.
Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава.