петок, 25 октомври 2024

УХМР најавува температури и до 37 степени

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат оттаму, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде во интервал од 9 до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

За недела е најавена температура во интервал од 10 до 34 степени, за понеделник од 10 до 35, вторник од 11 до 35, среда од 12 до 36, а за четврток од 13 до 37 степени Целзиусови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ