среда, 15 јануари 2025

УХМР алармира: Можно е поради невреме нагло излевање на мали реки и суводолици

Објавено на

часот

Сподели

„Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на денешниот ден.

Времето денеска е променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 28 степени“, велат од УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ