Мразот под пингвините се стопил и се распаднал пред младенчињата да ги развијат водоотпорните пердуви потребни за пливање во океанот, поради што птиците најверојатно се удавиле или замрзнале, јавува Би-би-си.
Тоа се случило на крајот на 2022 година на западот на континентот во областа што се отвора кон Белингсхаусеновото Море, а било снимено од сателитите.
Научникот Питер Фретвел од Британското истражување на Антарктикот (БАС) рече дека се предвидува дека повеќе од 90 отсто од колониите на царските пингвини ќе бидат речиси исчезнати до крајот на веков поради зголеменото топење на мразот од глобалното затоплување.