Откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на Скопје 1, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста. Од ЗОО Скопје уште нема официјална информација за овој тажен настан.
Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.