сабота, 27 јули 2024

Уганда воведе смртна казна за „поодмината хомосексуалност“

Објавено на

часот

Сподели

Истополовите односи веќе беа незаконски во Уганда, како и во повеќе од 30 африкански земји, но новиот закон пропишува смртна казна за „сериозните престапници“ и за пренос на неизлечиви болести како ХИВ преку хомосексуален секс. Промовирање на хомосексуалноста се казнува со 20-годишна затворска казна.

„Претседателот на Уганда денес ја легализираше хомофобијата и трансфобијата под државно покровителство“, кажа Клер Бјурагаба, угандска активистка за човекови права. Американскиот претседател Џо Бајден законот го нарече „трагично кршење“ на човековите права и кажа дека Вашингтон ќе ги оцени импликациите на новиот закон „на сите аспекти на американската вмешаност во Уганда“.

„Размислуваме за дополнителни чекори, вклучувајќи и примена на санкции и ограничен влез во САД на секого кој е вклучен во сериозно кршење на човековите права или корупција“, кажа Бајден.

78-годишниот Мусевени хомосексуалноста ја нарече „девијација од нормалното“ и ги повика пратениците да му одолеат на „империјалистичкиот притисок“. Мусевени оригиналниот закон од март го врати, барајќи од парламентот да ублажи некои делови.

Но неговото финално одобрување не беше спорно во конзервативната земја во која анти-ЛГБТ ставовите јакнат во изминатите години. Уганда добива милијарди долари странска хуманитарна помош и сега би можела да се соочи со штетни мерки од донаторите и инвеститорите, како при носењето на сличен закон пред девет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ