петок, 18 октомври 2024
УФЦ 291

УФЦ: Гејчи со спектакуларен „хај-кик“ го нокаутираше Порие (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Порие беше подобар во првата рунда, но само едно невнимание во втората рунда го чинеше пораз. Одличниот Гејчи ја крена високо десната нога, го удри силно во глава по што Порие се струполи на подот и тука беше крајот.

За Гејчи ова беше 25-та победа во професионалната кариера, од кои дури 20 се со нокаут, додека има и четири порази. Од друга страна, Порие сега има учинок 29-8.

Во другите борби на овој настан, Алекс Переира го совлада Јан Блашович со одлука на судиите.

Дерик Луис го победи Маркос Лима со нокаут уште на самиот почеток од мечот. Тони Фергусон загуби од Боби Грин со давење, а Кевин Холанд беше подобар од Мајкл Киеза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ