Златната топка која има традиција од 1956 година ќе биде единственото признание на европската фудбалска сцена.
Начинот на гласање ќе остане ист, но УЕФА ќе има допринос во фудбалска експертиза, комерцијални права, промоција и организација на церемонијата. Париз нема да биде единствениот домаќин како досега.
Ќе бидат воведени и две нови признанија, за најдобар тренер во машка и женска конкуренција.
Во минатото ФИФА беше ко-организатор на Златната топка, но подоцна се разделија со Франс фудбал.
✨ @ballondor x UEFA ✨
? From 2024, we will co-organise the most prestigious award ceremony in football, honouring the finest players of our sport alongside Groupe Amaury.
We will also introduce a new #ballondor award for Men’s and Women’s Coach of the Year.
More: ⬇️
— UEFA (@UEFA) November 3, 2023