понеделник, 28 октомври 2024
Европската куќа на фудбалот подготвува одмазда

УЕФА планира да ја исфрли Барса од Лигата на шампиони на 2-3 години?!

Медиумите од Германија пренесуваат дека УЕФА планира да ја исфрли Барселона од Лигата на шампиони и тоа на 2-3 години поради лошата финансиска состојба на клубот од Камп Ноу.

Објавено на

часот

Сподели

Пандемијата на ковид-19 направи огромна дупка во буџетот на Барселона и големи долгови, па изминатиов период, Жоан Лапорта и неговите соработници повлекоа нетипични потези за да можат да донесат засилувања.

„Каталонците“ продадоа дел од ТВ правата и дел од имотот со цел да обезбедат екстра приход и да покажат добивка.

Но како што пренсува весникот Велт, ваквото билдање на сметките нема да помине кај УЕФА, Европската куќа на фудбалот ја интересираат само приходите остварени од фудбалски активности.

Извори од УЕФА за Велт брифираат дека смеките на Барса биле „каша-попара“ па и се заканува исфрлање од Лигата на шампиони и тоа на 2-3 години.

„Колку се поголеми загубите, толку ќе биде поголема казната“ – е пораката од Европската куќа на фудбалот.

Останува да се види дали УЕФА навистина ќе ја санкцинира Барселона, и дали ова е еден вид на притисок порати тоа што „каталонците“ продолжуваат да го туркаат проектот Суперлига, или пак одмазда за изгубената правна битка пред судот во Луксембург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ