сабота, 27 јули 2024

Удрил во ограда од автопат и загинал

Р.И. (44) од Кавадарци загина во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари. Р.И. управувајќи го возилото фолксваген голф со кавадаречки регистарски ознаки удрило во заштитна ограда од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Возачот добил тешки телесни повреди, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ