понеделник, 14 октомври 2024
Утре почнува грејната сезона

Училиштата во Карпош ќе се топлат од 21 октомври, причината се долгови од минатата година

Грејната сезона официјално започнува утре (вторник), а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење. Училиштата и градинките низ Скопје прават последни подготовки, но иако дел се веќе спремни, сепак Општина Карпош ќе стартува подоцна.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме, осум училишта на територија на Карпош ќе останат со ладни радијатори, бидејќи на барање на општината сезоната кај нив ќе почне на 21 октомври.

Причината не е заштедувањето, туку долг за греењето од минатата година кон ЕСМ. За оваа информација се очекува градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски да даде официјална изјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ