сабота, 19 октомври 2024

Ученик во основно училиште во Чаир со пластичен пиштол плашел деца

Објавено на

часот

Сподели

„Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник, ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа“, наведуваат од МВР.

Пред два дена ученик од шесто одделение во основното училиште Браќа Миладиновци во скопската населба Аердором носел нож на часовите и им се заканувал на децата дека ќе ги убие.

Родителите од одделението со писмо до медиумите известува за овој случај за кој велат дека секојдневно ескалира. Освен што се заканувал, давел дете до снемување воздух и истиот ден истепал три деца од одделение и едно во ходник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ