Случајот бил пријавен од 47-годишна жена, известена била и директорката на училиштето, ОУ „Кочо Рацин“, Центарот за социјални работи и јавен обвинител.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера ги свикал на состанок сите директори на училишта, на кои било разговарано за овој случај.
По масакрот што го изврши седмоодделенец во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, експертите предупредуваа дека во една ваква ургентна состојба, може брзо да се појави „домино ефект“, што впрочем и се случува во соседна Србија после трагедијата. Тамошната полиција морала да реагира во повеќе од 20 случаи во кои имало закани на ученици.