сабота, 27 јули 2024

Ученици од Тетово во Романија го претставија својот робот-автомобил

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Македонија и Романија изминатата недела учествувале претставници на повеќе земји –  Грција, Португалија, Италија и Турција и секоја држава се претставувала со своите роботи кои ги имале направено учениците заедно со професорите.

„Нашите ученици изработија робот – автомобил, кој го нарекоа „автомобилот на иднината“ и секој си имаше своја приказна за тоа како автомобилот му помогнал на поединецот или групата да стигне до крајот на своите зацртани цели. За време на проектот сите ги презентираа нивните роботи и кажаа по неколку збора за идејата, процесот и финалниот производ на автомобилот од иднината. Активностите се одржуваа во училиштето „Мирчеа Елиаде“ каде беа срдечно пречекани од домаќините“, информираше Виолета Србиновска, наставничка-ментор на учениците д „Моша Пијаде“.

За време на престојот во Романија тетовските ученици имале две посети на различни дестинации.

„Имавме посета во замокот на Дракула, кој се наоѓаше во градот Хунедоара. Учениците се запознаа со историјата и со приказната на замокот која им ги раскажаа координаторите од Романија. Ден подоцна имавме посета во градот Темишвар, каде што ги видоа градбите и знаменитостите на еден од градовите со најголема историја во Европа. На овој проект учениците се запознаа со учесниците од другите земји, разменија мислења и идеи за своите роботи. Им помогна да си ги надополнат знаењата и да им се продолжи љубовта или уште повеќе да се засили, кон кодирањето и креаирањето на роботи“, информираше Србиновска.

На последниот ден од престојот во Романија учениците го посетиле Факултетот во Решица каде студентите учат и прават роботи. При тоа им било објаснето како и на кој принцип работи нивниот последен робот, намената и употребата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ