петок, 26 јули 2024

Ученици донесоа 265 постелнини за болните деца на Детската клиника

Учениците од ЕЛА (English Language Academy) преку својот хуманитарен божиќен базар „ЕЛА во погон“ и хуманите граѓани – посетители, обезбедија 265 постелнини за болните деца на Детската клиника.

Објавено на

часот

Сподели

„Учениците успеаја да стоплат 265 детски срца! Тимот обезбеди 265 постелнини за дечињата од Универзитетска клиника за детски болести. Како што и ветија, секој собран денар од боќиќниот базар го донираа за барем малку да им го олеснат животот на малите борци на детската клиника.

За добрина е потребно само малку, а тоа го покажаа и ученици на ЕЛА кои ја вложија својата креативност и труд и изработија извонредни новогодишни украси и картички и истите ги изложија во Погон бар, а целата акција резултираше во стоплување на срцата на 256 деца!

‘Ние сме исклучително горди на нашите мали херои и ветуваме дека ќе продолжиме со ширење на љубовта и топлината секогаш! Наша најголема желба е сите деца да бидат здрави во 2024’, велат Сања и Марија, координатори за образовни стратегии и развој, се вели во соопштението од ЕЛА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ