сабота, 27 јули 2024

Ученици од специјалното училиште за деца со оштетен слух на практична настава во Брако

Група ученици од машинската струка во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партеније Зографски“ од Скопје, ја посетија компанијата Брако во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Учениците беа задоволни што дел од практичната настава можат да поминат во вистински производствен погон, а со оглед на тоа што нивното училиште е наменето за ученици со проблеми во слухот, посетителите особено беа задоволни од сознанието дека работници со вакви физички предизвици се веќе дел од тимот на Брако и дека секој од нив може својата работна кариера во иднина да ја гледа во фабриката.

За време на посетата, Ангел Анѓушев, оперативен директор на фабриката за возила Грин машинс во рамките на Брако и директорот за производство во Грин машинс, Иле Атанасов ги запознаа учениците со целокупниот процес на производството на најсовремените возила за одржување на хигиена во урбани средини, кои се македонски бренд кој се продава низ целиот свет.

За време на презентацијата, Анѓушев посочи дека во Брако се прави развојот и дизајнот на возилата, се изработуваат огромен број на компоненти кои се вградуваат во нив и се врши финална монтажа, као и дека возилата на Грин машинс се продаваат во над 60 земји на сите континенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ