Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение „Летаме со ербас“ бил координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.
„Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузната конференција за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас)“, информира предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски.
Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение годинава била донесена од деветчлено стручно жири составено од претставници на организаторот Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот Ербас.
Подетални информации во врска со натпреварот може да најдете на официјалната веб-страница на организаторот на натпреварот . дма/ев/